Top Sport

Матераци: Секако, нема да навивам за Јувентус во ЛШ

Марко Матераци вели дека Јувентус се „опседнати“ со победа во Лигата на шампионите и оценува дека ќе биде „огромен“ неуспех доколку не успеат да стигнат до европската титула ниту со Кристијано Роналдо.

Јуве го донесе Португалецот од Реал Мадрид за 112 милиони евра во текот на летото и се смета дека со него „старата дама“ е фаворит да го прекине постот од 23 години без европски трофеј. Матераци, кој во 2010 беше шампион на ЛШ со Интер, за „Евроспорт“ немаше многу добри зборови за ривалите.

„Јувентус се тим за Лигата на шампионите и се опседнати да победуваат таму секоја сезона. Кога ќе станеш шампион во Италија, сакаш да го направиш следниот чекор, а тоа е Лигата на шампионите. Минатото лето тие потпишаа договор со фудбалер кој не може да се спореди со никој друг во ЛШ и мислам дека тоа е нивната главна цел. Тешко е некој да ги сопре оваа година, бидејќи се најдобро опремен и најдобро организиран тим, кој игра заедно многу години. Роналдо мора да го направи своето. Проблем ќе биде ако не победат, бидејќи тоа ќе биде трагедија и голем неуспех“, вели Матераци.

Тој исто така посочи дека, нормално, нема да навива тоа да се оствари.

„Како навивач на Интер не можам да навивам заз Јувентус. Ако победат, ќе им честитам како Италијанец, но никогаш нема да навивам за нив“, вели Матераци.

Scroll to Top