Top Sport

Атсу требал да замине од Турција неколку часа пред земјотресот

Кристијан Атсу, фудбалерот на Хатајспор, кој уште е исчезнат по катастрофалниот земјотрес во Турција имал билет за Франција пред да се предомисли и да остане во Турција кратко пред земјотресот.

31-годишниот фудбалер од Гана на 5 февруари постигн спетакуларен гол од слободен удар за 1:0 победа над Касимпаша, по што се предомислил од идејата да замине за Франција, открива директорот на клубот, Фатих Илек.

„Кристијан Атсу му кажал на тренерот дека сака да земе одмор пред мечот со Газијантеп. ‘Ако најдам тим за тренинг, дали може да заминам’, било прашањето до Волкан Демирел, кој му дозволил. По голот во последните минути против Касимпаша требаше да оди да го посети семејството, но по добриот меч го откажа билетот. Земјотресот се случи на неговиот најсреќен ден во нашиот клуб. Имаше лет во 11 часот навечер, но го откажа. Земјотресот се случи во 4 часот наутро. Вистинска трагедија“, вели Илек.

Scroll to Top