Поранешниот фудбалер на Ливерпул Џејми Карагер верува дека Арсенал се наоѓа во неповолна ситуација со Пјер-Емерик Обамејанг и дека клубот час поскоро мора да донесе одлука околу неговата иднина.
Фудбалерот од Габон е најдобриот играч на Арсенал откако во јануари 2018 година пристигна од Борусија Дортмунд за сума од 63,5 милиони евра. Ауба има постигнато 67 гола на 97 натпревари.
Обамејанг игра добро меѓтоа Арсенал не успева да избори пласман во Лигата на шампионите. Поради тоа тој сака да го напушти клубот. Карагер смета дека Арсенал се наоѓа во слична ситуација во која во 2014 година бил Ливерпул со Луис Суарез.
„Кга бев при крајот на кариерата ние бевме во ваква ситуација, секогаш бевме надвор од Топ 4. Артета мора да се запраша – дали ќе игра во ЛШ со Обамејанг? Дали тој ќе замине без обесштетување на крајот од наредната сезона доколку не го пуштат сега? Таа одлука мора да ја донесат. Доколку не сака да игра за Арсенал нека го пуштат. Во овој момент една работа е сигурна: Обамејанг е премногу добар за да игра во Арсенал“, рекол Карагер.
Ливерпул во 2014 година го продаде Суарез во Барселона кој со Каталонците освои многу трофеи. Прашање е дали истото ќе го напарави и Арсенал со Обамејанг.
Договорот на Габонецот истекува во јуни 2021 година.