Англискиот судијаа Сем Паркис ќе го памети мечот на Свиндон и Гримзби во англиската трета лига, откако во 11. минута од мечот доживеа нокаут со топка и мораше да биде изнесен на носилки од теренот.
Според англиските медиуми, Паркис по добивањето на медицински третман во соблекувалната поминал без посериозни последици, иако бил зашеметен и нормално, имал силна главоболка.
#STFC
Ref down!!! pic.twitter.com/vKnmIugWOu— Matt Anderson (@dezined) January 14, 2023