Top Sport

Аугзбург и Макс го имаат „лекот“ за Хофенхајм (видео)

Филип Макс постигна два гола, а Аугзбург стигна до четвртата победа во пет лигашки мечеви со заслужена 4:2 победа на гости кај Хофенхајм.

Аугзбург влезе во мечот без пораз во последните четири меча и најави дека се дојдени по трите поени во Зинсхајм, откако Макс уште во 11. минута ги донесе во водство. Но, само три минути подоцна Роберт Сков постигна фантастичен гол за кој Томаш Коубек немаше одговор и Хофенхајм доминираше до крајот на полувремето.

Во второто полувреме, Аугзбург ги казни сите грешки на Хофенхајм. Прво Кевин Акпогума направи фаул за пенал во 51. минута, кој Макс лесно го реализираше, пред  Фредрик Јенсен во 56. минута со својот прв бундеслигашки гол да донесе 1:3 предност. Јирген Локадија во 80. минута даде надеж на домаќините, но Сков со вториот гол само пет минути подоцна стави печат на победата.

Со победата, Аугзбург се искачува на 10. место на табелата со поен пред Хофенхајм, кои немаат победа во последните четири меча.

Scroll to Top