Совршениот старт на Нико Ковач на клупата на Баерн Минхен сопре сред Октоберфест, откако баварските ривали Аугзбург успеаја да освојат поен (1:1) на гостувањето на „Алијанц арената“ со гол во финишот на мечот.
Арјен Робен ги донесе домаќините во водство во 48. минута со убав гол, пред Феликс Геце во 87. минута да донесе поен за Аугзбург откако Баварците пропуштија голем број на шанси. Баерн останува прв на табелата со 13 поени, два повеќе од изненадувањето Вердер.
Мизерниот старт на Шалке во Бундеслигата продолжи, откако тимот од Гелзенкирхен го забележа петтиот пораз во исто толку меча, овојпат од Фрајбург (1:0) за да остане закован на дното на лигата.
БУНДЕСЛИГА, 5.КОЛО
Баерн – Аугзбург 1:1
Фрајбург – Шалке 1:0
Хановер – Хофенхајм 1:3
Фото: ЕПА