Top Sport

Авеш ја зголеми мизеријата на Спортинг со титула во Таса де Португал (видео)

Неделата во која беа нападнати од сопствените фанови, во која полицијата покрена истрага за корупција во клубот, фудбалерите на Спортинг Лисабон ја завршија со пораз од 2:1 од Авеш во финалето на Таса де Португал, најстарото клупско натпреварување во оваа земја, паралелно на Куп натпреварувањата.

Со македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во првиот состав, Спортинг уште поиронично беше „покосен“ од продукт на својата школа, 24-годишниот Александер Гуедеш, кој откако беше „заглавен“ во Б-тимот на Спортинг замина во Авеш.

Гуедеш постигна два гола во 16. и 72. минута за да ја обезбеди првата голема титула во историјата на клубот основан во 1930-тата година во малото градче во северна Португалија, кој поголемиот дел од историјата го мина во третата и втората лига. Спортиг успеа да намали на 2:1 преку Монтеро во финишот на натпреварот, но тоа беше сѐ што можеа да направат.

Скандалот во Спортинг добива национални димензии

Scroll to Top