Top Sport

Авион во кој бил Дрис Мертенс излетал од пистата, нема повредени!

Белгискиот фудбалски репрезентативец, Дрис Мертенс доживеал драма при слетувањето со приватен авион на белгискиот аеродром во Дерне, кај Антверпен.

Информациите се дека фудбалерот на Наполи изнајмил приватен авион за од Неапол да отиде во татковината и да се рехабилитира од повредата здобиена на мечот против Интер на 16. минатиот месец.

При слетување, авионот излетал од пистата и заврпил во тревата покрај патеката. За среќа, сите патници биле добро и поминале без повреди.

Причина за несреќата се претпоставува дека е силен дожд.

Scroll to Top