Приватниот авион чии сопственик е Лионел Меси принудно слетал на аеродромот во Брисел поради проблемите со опремата за слетување. Авионот во утрово во девет часот полетал кон Тенерифе, но по 90 минути се вратил во белгиската престолнина.
Не е познато дали славниот фудбалер бил во авионот или леталото му го позајмил на некого.
Од аеродромот во Брисел одбиле да откриваат информации за овој случај.
Лионел Меси за луксузниот авион издвоил 13 милиони евра. На задниот дел од трупот на авионот забележлив е бројот 10, додека на скалите се напишани имињата на сите членови на семејството Меси.
Авионот е опремен за најдалечни патувања, во внатрешниот дел има кујна и две соби.
Leo Messi has just bought this private plane for $15M. pic.twitter.com/FqtBrKqHeL
— ♥dody ♥ FCB ♥culé (@Barca4forever) December 9, 2018