Top Sport

Аврам Грант обвинет за сексуално вознемирување од повеќе жени

Поранешниот менаџер на Челси, Аврам Грант е обвинет за сексуално вознемирување од повеќе жени по истрагата на Израелската ТВ. Грант, кој работеше и со Портсмаут, Вест хем и со израелската репрезентација е обвинет дека ја користел својата позиција за да примора жени да имаат секс со него.

Според „Тајмс оф Израел“, скандалот започнал преку истражувачката сторија на новинарите од Израелската ТВ, каде што повеќе жени го обвинија тренерот. Една жена тврди дека била повикана во неговиот стан во Тел Авив во 2000 со понуда да и помогне да најде работа, по што тој побарал таа да се соблече.  Друга жена, опишана како позната израелска манекенка, отпатувала во Лондон да се сретне со Грант, кој и ветил помош во кариерата, додека друга израелска спортска новинарка повтори слична приказна.

Грант не ги отфрла обвинувањата, но изјави дека немал намера да повреди никого.

„Во мојот живот, во личен и во професионален аспект, секогаш сум давал приоритет на тоа да останам човек кој ги почитува сите мажи и жени. Јас сум човек од народот, човек со пријателства и во текот на годините останав пријател со многу жени. Секогаш сум се обидувал да се однесувам со почит, и тие кои се чувствувале неудобно или биле повредени од мене, жалам за тоа и се извинувам“, изјавил Грант.

Scroll to Top