Top Sport

Монтела: Не можам да ги усреќам сите

На Винченцо Монтела му олесна што може да размислува за „маките“ на Милан во Лигата Европа и може да се фокусира на решавање на формата во Серија А.

„Росонерите“ се квалификуваа за нокаут фазата во Лигата Европа со 5:1 победа над Австрија Виена во четвртокот, но ситуацијата во првенството е поалармантна – таму се на седмото место, откако ги загубија дерби дуелите со Јувентус и Милан. Пред домашниот меч со Торино во недела, Монтела вели дека мора да биде подобро.

„Имаме некои играчи кои не се 100 отсто фит, но во основа формата на нашиот тим е добра. Сега се фокусираме на лигата. Џакомо Бонавентура стана важен играч, но се мачеше со враќањето во форма. Како и Лукас Биља и Иван Калиниќ, потребни му се повеќе натпревари. Знам дека мојот избор нема да ги усреќи сите, но тоа е тоа“, изјави Монтела.

Торино доаѓа на „Сан Сиро“ со три меча без пораз, низа со која ги поминаа Милан во борба за место кое води во Лигата Европа.

Scroll to Top