Top Sport

Австралија без селектор – Постекоглу ги однесе на СП, па си замина

Ејнџ Постекоглу си поднесе оставка од позицијата селектор на Австралија, само една недела откако ги однесе „кенгурите“ на Светското првенство во Русија по победата во баражот со Хондурас.

„По долго размислување решив дека тука завршува патот за мене како тренер на ’Сокерус’. Како што кажав повеќе пати, најголемата привилегија во мојот живот беше да бидам австралиски селектор, и иако ова не е крајот кој го замислував, ова е вистинско време да сопрам“, вели Постекоглу.

Постекоглу, кој ги однесе Азија и на СП во Бразил во 2014 и до првата титула од Азискиот куп во 2015 година, неколку пати и пред баражот најавуваше дека е можно да си даде оставка без разлика на исходот. Постојат многу шпекулации за причините за оставката на 52-годишниот стручњак, иако во неделата на интервју за „АБЦ“ телевизијата даде дел од мотивите.

„Има многу причини, некои многу лични, некои професионални. Исто така размислував што е најдобро за мојот тим“, изјави тогаш Постекоглу.

Миле Јединак со хет-трик ја однесе Австралија во Русија (Видео)

Scroll to Top