Top Sport

Ароганцијата на Фирмино и „колапсот“ на Ливерпул

Роберто Фирмино го постигна третиот гол за Ливерпул против деморализираната Севилја со крајно непочитување, вртејќи ја главата да не го гледа голот.

Навивачите на Ливерпул веќе ги разгледуваа можните противници во осминафиналето, но тогаш се случи неверојатно „топење“ на „Црвените“, а во главна улога беше поранешниот дефанзивец на Севилја, Алберто Морено.

Висам Бен Једер постигна два гола во второто полувреме – првиот од слободен удар, а вториот од пенал, за Гвидо Пизаро во 93. минута да остави сè отворено за последното коло. Севилја повторно се врати против противникот кого го совлада во финалето на Лигата на Европа во 2016 година.

Дел од навивачите на Милан на социјалните мрежи го оценија мечот како „карма“, откако во славното финале на Лигата на шампионите во 2005 година во Истанбул, Милан имаше 3:0 водство на полувреме, за Ливерпул да израмни и да го добие трофејот на пенали.

Сепак, не е сè загубено. Ливерпул во последното коло го пречекува Спартак Москва со 9 поени и убедливо најдобра гол разлика (+10), додека Севилја гостува кај Марибор и има 8 поени (со гол разлика 0). Спартак има шест поени (+3 гол разлика) и треба да очекува уште еден „колапс“ на „Црвените“ за да има шанси за пласман.

„Престанавме да играме фудбал во второто полувреме. Беше океј што бевме самоуверени по првите 45 минути, но потоа бевме пасивни. Не загубивме но чувството е такво“, призна менаџерот Јирген Клоп.

Наполи ги задржа шансите, Севилја со неверојатен кам-бек против Ливерпул (видео)

Scroll to Top