Top Sport

Австралија би можела да го бојкотира СП

Репрезентацијата на Австралија можеби нема да се појави на Светското првенство во Русија доколку челнците на оваа држава решат да го бојкотираат Мундијалот.

Австралија бара „случајот Скрипал“ да биде решен, во спротивно државниот врв ќе го преиспита учеството на националниот тим на најголемата фудбалска смотра.

На почетокот на овој месец извршен е обид за убиство на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата 32-годишна ќерка Јулија. Двајцата се хоспитализирани и се наоѓаат во критична сосотојба.

Скрипал бил долгогодишен руски шион, а потоа решил да соработува со британската разузнавачка служба и да открие имиња на многу руски агенти.

Тој со години живее во Велика Британија.

„Постојат многу опасности дека ова може да се повтори, а Светското првенство може да преставува голема опасност за нашиот тим. Австралија нема да биде дел од СП во Русија доколку скандалот не биде решен. Се надеваме дека Русите ќе учествуваат во разрешувањто на скандалот и дека ќе ни помогнат кој ги отрул Сергеј и неговата ќерка“, порачала министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп.

Австралија, заедно со Франција, Перу и Данска се наоѓа во Ц-групата. Првиот меч „кенгурите“ ќе го одиграат на 16 јуни против Франција.

Scroll to Top