Top Sport

Босанец го прекинал мечот во Женева (Видео)

Синоќешниот пријателски натпревар помеѓу Португалија и Холандија во Женева кратко беше во прекин, откако неколку навивачи влегоа на теренот во обид да се фотографираат со Кристијано Роналдо.

Најсреќните, стигаа до Роналдо и успеаја да добијат „селфи“, еден од нив дури и го бакна Португалецот.

Еден од од оние што влегле на теренот бил и Босанецот Самир Алиќ, комичар чии клипови на „Јутјуб“ секојдневно засмејуваат стотина илјади гледачи. Според неговиот профил на „Фејсбук“, Кристијано Роналдо е неговиот спортски идол.

Самир на теренот влезе со дрес на Роналдо од Реал.

Инаку, натпреварот заврши со победа на Холандија 3:0.

Scroll to Top