Top Sport

Австралијците ќе го предизвикаат Перу во битка за мундијалот

Фудбалската репрезентација на Австралија обезбеди пласман во финалето на плејофот за Светското првенство во Катар откако во полуфиналниот плеј-оф ја совлада селекцијата на Обединетите Арапски Емирати со 2:1. Мечот се играше на стадионот „Ал Рајан“ во Катар, а Австралијците покажаа дека се поквалитетна репрезентација.

Во финалната пресметка за пласман на мундијалот ќе се сретнат против Перу.

Џексон Ирвајн во 53.минута донесе предност за Австралија, а само четири минути подоцна израмни Кајо Канедо. Сепак, триумфот на Австралијците им го донесе Ајдин Хрустиќ во 84.минута од натпреварот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');