Top Sport

Австријците израмнија, потребно ни е подобро второ полувреме (видео)

Македонија и Австрија имаат 1:1 по првите 45 минути од квалификацискиот меч за Европското првенство во 2020, откако двете репрезентации имаа повеќе шанси и покажаа желба за напаѓачки фудбал.

На Македонија дефинитивно ќе и треба подобар почеток на второто полувреме, откако на стартот на мечот, гостите ја имаа иницијативата и пропуштија две убави шанси преку Арнаутовиќ. Тие беа казнети во 18. минута, кога по еден обид да интервенира пред својот гол Томас Хинтерегер си постигна автогол.

Македонија имаше неколку убави шанси, како таа на Пандев кога утна од добра позиција, но Австрија се покажа поопасна во нападот и во 39. минута израмни, откако Конрад Лајмер упати убаво нафрлање, а Валентино Лазаро го совлада Димитриевски.  Во финишот на полувремето, Австријците еднаш го погодија и дирекот, додека македонските репрезентативци бараа пенал по фаулот над Алиоски во шестнаесетникот.

Фото: Австриска фудбалска федерација


Scroll to Top