Top Sport

Критичарите се потсмеваат со првиот интернационален трофеј на Меси

Фановите на Кристијано Роналдо во неделата направија интересна споредба, откако Португалија ја освои Лигата на нации, за втор голем интернационален трофеј за ЦР7 по Европското првенство во 2014, посочувајќи на „празнината“ во досието на Лео Меси со трофеите со Аргентина.

Меси досега загуби едно финале на Светското првенство и двапати беше губитник во финалето на Копа Америка, иако некои може да го споменат олимпиското злато и СП до 20 години. Сепак, Меси во саботата доби трофеј со Аргентина – по 5:1 победата над Никарагва, го освои Копа Сан Хуан, трофеј од пријателскиот турнир во, погодувате, Сан Хуан.

Меси ќе има шанса да ја пополни колекцијата на Копа Америка ова лето.

Scroll to Top