Top Sport

Австриски шок за Германија (Видео)

Австрија го совлада светскиот првак Германија со 2-1, во пријателски натпревар одигран во Клагенфурт.

Германците имаа предност по првото полувреме, а Австрија успеа да направи целосен пресврт во вториот дел.

Месут Езил го постигна голот за Германија уште во 11.минута на натпреварот, додека Австрија пресвртот го направи со головите на Хинтерегер во 53. и Шопф во 69.минута.

Германците со овој пораз само потврдија дека не се во добра форма пред почетокот на Светското првенство, а ова е веќе петти подготвителен меч на кој избраниците на Јоаким Лев немаат победа.

Германија во ноември минатата година ремизираше со Англија и Франција, потоа одигра 1-1 со Шпанија и доживеа пораз од Бразил 1-0.

Scroll to Top