Еден Азар барем засега е најскапото засилување на реал во овој преоден рок. Реал за него платија 100 милиони евра, а таа сума доколку бидат исполнети бонусите може да изнесува и 150 милиони евра.
На „Сантијаго Бернабеу“, официјалната промоција на Азар во белито дерс ја испратија 50.000 навивачи.
Бројката е фасцинантна, но не е најголема во историјата кога се работи за промоција на еден фудбалер.
Рекордот го држи Кристијано Роналдо. Во 2009 година неговото прво појавување на „Сантијаго Бернабеу“ го проследиле 75.000 навивачи. Неколку дена подоцна, истата таа година, Реал пред 55.000 навивачи го претставија и Рикардо Кака.
Второто место му припаѓа на неповторливиот Диего Армандо Марадона. Пред преполните трибини на „Сан Паоло“ стадионот (65.000 навивачи), Марадона во 1984 година стана играч на Наполи.
Третото и четвртото место е резервирано за „Ноу Камп“ стадионот во Барселона. Во минатото на „Ноу Камп“, Златан Ибрахимовиќ се појавил пред 60.000 навивачи, а промоцијата на Нејмар ја проследиле 57.000 навивачи.
? Most fans ever at signing presentations:
1⃣?? Cristiano – 75,000
2⃣?? Maradona – 65,000
3⃣?? Zlatan – 60,000
4⃣?? Neymar – 57,000
5⃣?? Kaka – 55,000
6⃣?? Hazard – 50,000
7⃣?? Torres – 50,000
8⃣?? Tevez – 45,000
9⃣?? James – 36,000
??? Villa – 35,000? Wow.
? @DiarioAS pic.twitter.com/s6TKa5wyPi
— SPORF (@Sporf) June 13, 2019