Еден Азар нема да биде во составот на Реал на натпреварите во Суперкупот на Шпанија кои ќе се играат во Џеда. Тренерот Зинедин Зидан решил Белгиецот да не патува со тимот во Саудиска Арабија.
Азар се повреди пред еден месец на натпреварот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Рехабилитацијата по повредата на скочниот зглоб не оди според превиденото, поради што тој ќе отсуствува уште некои време.
Првичните прогнози беа дека тој ќе паузира најмногу еден месец.
Во Реал не сакаат да ризикуваат поради што Азар, иако започнал со тренинзите, ќе остане во Мадрид.
Натпреварите во Суперкупот на Шпанија ќе започнат на 8 јануари, а Реал во полу-финалето ќе играат против Валенсија.