Top Sport

Азар го „скроти“ Ливерпул и го исфрли во Карабао купот (видео)

Челси му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во новата сезона, откако успеа на „Енфилд“ да се врати за 2:1 победа во 1/16 финалето на Карабао купот.

Ливерпул, кои се на првото место во Премиер лигата без пораз, дојдоа во водство во 58. минута, кога по ударот на Садио Мане, Кабалјеро ја одбрани топката, а Даниел Стариџ со атрактивен потег ја прати топката во голот.

Челси, кои доминираа во првото полувреме од мечот, конечно, ја начекаа својата шанса во 79. минута, кога по слободниот удар на Еден Азар (кој влезе во игра во второто полувреме), прво Рос Баркли се обиде со глава, за потоа Емерсон да ја заврши работата. Азар само седум минути подоцна имаше фантастичен пробив преку одбраната на „црвените“, за со фантастичен удар да го совлада Мињоле.

КАРАБАО КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

Арсенал – Брентфорд 3:1

Ливерпул – Челси 1:2

Нотингем форест – Стоук сити 3:2

Вест хем – Меклсфилд 8:0

Тотенхем – Ватфорд 3:2, на пенали

Scroll to Top