Top Sport

Азар и Асенсио се подготвени за Еибар

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан потврдил дека Еден Азар и Марко Асенсио ќе бидат во конкуренција за мечот со Еибар. Азар во февруари втор пат сезонава го повреди глуждот на десната нога, додека Асенсио нама настап сезонава откако на подготовките ги скина лигаментите во коленото.

„Асенсио тренира нормално, исто и Азар. Двајцата се во конкуренција за настап. Тоа се одлични вести за нас“, рекол Зидан на прес конференцијата пред утрешниот натпревар.

Реал до крајот на сезоната натпреварите на кои ќе биде домаќин ќе ги игра на стадионот „Алфредо ди Стефано“ чии капацитет изнесува 6.000 места.

„Ди Стефано“ е наш стадион, среќни сме што ќе играме таму. Димензиите на теренот се исти како на „Сантијаго Бернабеу“. Трениравме таму, подготвени сме. Не ми се допаѓа што ќе играме без навивачи, но таква е ситуацијата, мораме да се прилагодиме.“

Реал на табелата има два поени помалку од водечката Барселона. Дуелот со Еибар фудбалерите на Реал ќе го одиграат утре од 19.30 часот.

Scroll to Top