Top Sport

Важна победа за Еспањол (Видео)

Денешната програма во Шпанија ја отворија фудбалерите на Еспањол и Алаваес. Еспањол со победата од 2:0 освои значајни бодови во борбата за опстанок во лигата.

Еспањол во краток интервал го решија прашањето на победикот. Првиот гол го постигна Еспиноза во 48 минута (трета минута од судиското надополнување на времето во првиот дел). Еспиноза одлично реагираше по центаршутот што го испрати Ембарба.

Во 49 минута конечниот резултат го постави кинскиот репрезентативец Ву Леи. Асистент за голот повторно беше Ембарба.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 19 минута кога искусниот голман на Алавес Феранандо Пачеко надвор од својот шеснаесетник со двет раце ја фати топката поради што доби црвен картон.

Еспањол и покрај победата остана на последното место на табелата со 23 поени.

Scroll to Top