Реал Мадрид соопшти дека двајца играчи од првиот тим се позитивни на Ковид-19. Последните тестирања во клубот покажале дека со Ковид-19 се заразени Еден Азар и Касемиро.
„Кралскиот клуб“ објави дека фудбалерите се во самоизолација и дека немаат никакви симптоми.
Прогнозите се дека Азар и Касемиро ќе бидат вон тимот во наредните десет дена. Реал без овие двајца ќе биде на утрешното гостување во Валенсија.