Top Sport

Азар ќе патува со тимот во Менхенгладбах

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат во Менхенгладбах, на натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите. Изненадувачки, на списокот се наоѓа и Еден Азар.

Белгиецот од почетокот на сезоната не одиграл ниту една минута за Реал, а неодамна медиумите пишуваа дека тој нема да се врати во тимот до крајот на ноември.

Азар има проблем со повредата на мускулот на десната нога. Последениот меч тој го одиграл на 7.август.

Реал ќе гостува во Менхенгалдбах утре од 21 часот. Во првото коло, Реал доживеа пораз од Шахтјор (2:3), додека Борусија одигра 2:2 со Интер во Милано.

 

Scroll to Top