Еден Азар, најдобриот играч на Челси, по освојувањето на титулата во Лига Европа, најавил заминување од клубот.
Белгиецот веќе една година се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а изминатите денови медиумите пишуваа дека натпреварот во Баку против Арсенал ќе биде последниот што ќе го одигра во дресот на Челси.
„Ќе решиме во наредните денови, сега во главата ми е само победата во ова финале. Јас решив сега ги чекам клубовите. Мислам дека ова е збогум, но во фудбалот никогаш не можете да биде сигурни што ќе се случи. Сонот ми беше да играм во Премиер лигата и го остварив тоа во еден од најголемите клубови. Мислам дека сега е време за нов предизвик“, рекол Азар.
Белгиецот ја завери победата на Челзи над Арсенал (4:1) со два гола, откако претходно Чех го совладаа Жиру и Педро.
„Мислам дека двата тима играа под стрес, сепак ова беше финале. Кога Оливие погоди започна одличната ноќ за нас. Игравме добро, го контролиравме натпреварот, среќен сум што го освоивме трофејот“, заклучил Азар.