Top Sport

Азар: Навистина сакам повторно да работам со Мурињо

Еден Азар открива дека би сакал некогаш во кариерата повторно да работи под менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо и покрај тоа што репутацијата на Португалецот како стратег доби удар по кризата во англискиот премиерлигаш.

Азар играше две сезони под Мурињо во Челси од 2013 до 2015 година, пред тој да добие отказ, иако ја освои титулата од Премиер лигата и Лига купот. Азар беше еден од клучните фудбалери на тој тим, постигнувајќи 14 гола и 10 асистенции во тој период. Белгиецот вели дека почитта кон Мурињо останува.

„Последната сезона под Мурињо не беше добра, не победувавме, влеговме во рутина без да биде забавно, така што беше подобро да се разделиме. Но, сега, ако ме прашате под кој тренер би сакал да работам повторно, тоа ќе биде Мурињо“, вели Азар за белгискиот весник „ХЛН“.

Тој признава дека Мурињо го губи расположението кога резултатите не се добри, но верува дека има само еден начин да го направиш среќен – да почнеш да победуваш.

„Кога резултатите се лоши, тој ги критикува своите фудбалери, но тоа е дел од неговиот карактер. Кога победувате, Мурињо е најдобриот тренер кој може да се замисли. Тогаш ви е пријател, можете да правите што сакате. Сакате еден ден пауза? Ќе ви даде два! Ако работите одат добро Мурињо го доживува фудбалот како мене: со леснотија. Дури и неговиот имиџ како дефанзивен тренер не е лош. Тој е далеку од авантурите на Пеп Гвардиола, но кога бевме шампиони игравме навистина добро“, вели Азар.

Scroll to Top