Top Sport

Марадона удри по Меси: Некој што оди 20 пати во тоалет пред натпревар не е лидер

Диего Марадона влезе во „опасен старт“ кон другата аргентиска фудбалска икона, Лионел Меси, велејќи дека тој не е подготвен да биде лидер на репрезентацијата.

Марадона, кој во 1986 година ја предводеше Аргентина до втората светска титула, а потоа му беше и селектор на Меси, вели дека самото однесување на фудбалерот на Барса значи дека тој не може да биде лидер.

„Тој бара многу на теренот, но пред да зборува со соиграчите ќе оди и ќе игра Плејстејшн. Тешко е да се зборува на оваа тема, но бесцелно е да се обидеш да направиш лидер човек кој оди 20 пати во тоалет пред меч. Меси е Меси во Барселона и Меси е Меси со Аргентина. Јас не би го повикал повторно во репрезентацијата. Треба да го тргнат притисокот, да најдат нови лидери, бидејќи ние треба да сакаме тој само да биде Меси“, вели Марадона.

Scroll to Top