И покрај тоа што оваа сезона има минимална минутажа, Еден Азар инсистира дека има иднина во Реал Мадрид, планирајќи да ја исполни и последната сезона од својот договор со „кралевите“.
Тој има вкупно 331 минута игра оваа сезона, и повторно беше на клупата во финалето на Копа дел реј против Осасуна. Играчот за кој Реал плати 100 милиони евра нема голема минуажа во тимот на Карло Анчелоти, но тоа не значи дека планира да си замине.
„Се надевам дека ќе играм. Ова беше тешка година, но е година во многу голем клуб. Имам одлични односи со тренерот и со играчите. Сакам да играм, но знам дека тоа е тешко во моментов. Морам само да работам и да се надевам дека ќе добијам поголема шанса“, изјави Азар по финалето.
Азар, кој беше мегаѕвезда во Челси, оваа сезона остана на клупата како неискористена замена дури 37 пати, а во 2023 година има само три настапи.