Top Sport

„Азар никогаш не сакал да тренира“

Поранешниот фудбалер на Челси Џон Оби Микел открил дека Еден Азар никогаш не ги сакал тренинзите, но дека поради неверојатниот талент секогаш бил најдобар играч на тимот.

Оби Микел и Азар беа соиграчи во екипата на Челси.

„Азар е неверојатен талент. Можеби не толку добар како Лео Меси, но со топката може да направ се што ќе посака“, рекол Нигериецот.

„Никогаш не ги сакал тренинзите. Додека ние работевме тој ќе стоеше од страна и чекаша да завршиме. Сепак на натпреварите секогаш беше најдобар, тоа е неверојатно“.

Азар ова лето од Челси се пресели во Реал Мадрид. Во новиот клуб досега има одиграно само 11 натпревари.

Scroll to Top