Top Sport

Златан сакал во Болоња, сопругата во Милано

Златан Ибрахимовиќ бил подготвен да се пресели во Болоња, иако неговата сопруга сакала да живее и работи во Милано, пишуваат италијанските медиуми.

Поранешниот репрезентативец на Шведска одлуката каде ќе ја продолжи кариерата ќе ја донесе наредниот месец кога официјално ќе му заврши договорот со Лос Анџелес Галакси.

Директорот на Болоња Рикардо Бигон рекол дека постојат контакти со фудбалерот, а се претпоставува дека тој би ја прифатил понудата поради пријателството што ја има со тренерот Синиша Михајловиќ.

Она што може да го закочи трансферот во Болоња е желбата на сопругата кој преферирале да живее во Милано.

Ибрахимовиќ претходно во кариерата, во Италија, играч за Јувентус, Интер и Милан.

Scroll to Top