Помладиот брат на Еден Азар, Торган, од наредната сезона ќе го носи дресот на Борусија од Дротмунд. Германските медиуми објавија дека „милионерите“ на сметката на имењакот од Менхенгладбах ќе уплатата 40 милиони евра.
Торган Азар, има договор с Борусија Менхенгалдбах до јуни наредната година, а откако им соопштил на челниците дека сака да замине, тие веднаш најдоа клуб што ќе ја плати откупната клаузула од 40 милиони евра.
Интерес за него покажуваа Челси и Ливерпул, а конкретна понуда, која не ги задоволи апетитите на челниците на клубот од Мехенгладбах испратил Атлетико Мадрид.
Азар имал желба да се пресели во Мадрид, но немал ништо против ниту да заигра и в Дортмунд. Тој во тимот на Лусиен Фавр ќе го замени Кристијан Пулишиќ, чија кариера ќе продолжи во Челси.