Top Sport

Дринквотер е Дринкалкохол

Фудбалерот на Челси, Дени Дрикнвотер, бил уапсен под сомнение дека под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа.

Дринквотер, кој пред три сезони сензационално со Лестер ја освои Премиер лигата, синоќа бил на приватна забава, а кога по полноќ тргнал дома со своето возило „Ренџ Ровер“, удрил во друг автомобил.

Фудбалерот бил во друштво на женска особа, со која се запознал на забавата. Дринквотер и неговата сопатничка, како и двојката од другиот автомобил се здобиле со полесно повреди.

„Дени во последно време се забавуваше како луд, се надеваме дека ова е повик за будење, кој ќе му каже дека треба да се спушти на земја“, изјавил близок пријател на фудбалерот за англиските медиуми.

Од полицијата потврдиле дека Дринквотер бил уапсен, но и дека помага во истрагата.

Scroll to Top