Top Sport

Азар: Победата над Бразил е најдобриот момент во кариератa (видео)

Иако во кариерата двапати ја освои Премиер лигата со Челси, Еден Азар пред 100. настап за белгиската фудбалска репрезентација вели дека четврт-финалната победа над Бразил на СП во Русија минатото лето е најдобриот момент во неговата кариера.

Азар ќе го одигра 100. натпревар за Белгија против Кипар на „ГСП стадионот“ во Никозија вечерва, откако дебитираше за „ѓаволите“ во ноември 2009 и оттогаш постигна 29 гола и имаше 26 асистенции.

За него најдобриот момент беше лани во Казан, кога Белгија со 2:1 ги победи петкратните светски шампиони Бразил благодарение на автоголот на Фернандињо и супер-голот на Кевин де Бројне. Белгија потоа загуби од Франција во полуфиналето за да го освои третото место со победа над Англија.

„Победата над Бразил е мојот најдобар натпревар од индивидуален аспект, но и од колективен. Успеав совршено во тоа што се обидував да го направам, исто како тимот. Никој не не сметаше за фаворити, бидејќи Бразил секогаш ја има таа улога“, вели Азар во интервју за „Л’Екип“.

Scroll to Top