Top Sport

Азар призна дека пристигнал во Мадрид со вишок килограми

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар признава дека се „опуштил“ додека бил на одмор и дека пристигнал со вишок килограми кога потпишал за Реал Мадрид минатата година.

По повеќе години „флертување“ со „кралскиот клуб“, Азар го направи трансферот од Челси во Реал за 100 милиони евра во јуни, но шпанските медиуми беа непријатно изненадени кога тој се појави со вишок килограми на тренинзите.

„Тоа е вистина, не можам да лажам – кога сум на одмор, тогаш сум навистина на одмор. Летото се здебелив пет килограми. Јас сум еден од тие луѓе кои бргу ставаат килограми, но и кои бргу слабеат. Кога бев во Лил имав 72 килограми, но со добивањето мускули скокнав на 75. Лошите денови имам до 77. Летото имав 80 килограми, но 10 дена подоцна пак ослабев“, вели Азар.

Можеби токму вишокот не му помогна на 28-годишниот Белгиец да има добар старт на кариерата на „Бернабеу“, чекајќи до првиот гол до 4:2 победата над Гранада во октомври. Тој полека се враќаше во форма, пред да го повреди скочниот зглоб при 2:2 ремито со ПСЖ на 26 ноември.

Scroll to Top