Top Sport

Азар: Реал е најголемиот клуб во светот, притисокот е нормален!

Најголемото засилување за Реал Мадрид во летниот преоден рок верува дека пред кралскиот клуб ќе е врв сезона, иако почетокот е тежок.

Мадридските „кралеви“ добија само 3 од првите 6 меча сезонава, но во неделата славеа кај Севилја со 0-1 и барем малку го тргнаа притисокот од јавноста.

Со 11 бода од 5 кола, Реал го дели првото место во Ла лига со Атлетик Билбао.

„Кога играш за Реал Мадрид, мораш да победиш на секој меч, тоа е така затоа што ова е најголемиот клуб во светот и постојано постои тој притисок. Имаме квалитетен тим, беше тешко, но победивме кај Севилја, на стадион на кој не е лесно тоа да се направи. Истото важи и за Лигата на шампиони. Го изгубивме првиот меч со ПСЖ но и понатаму сонуваме за успешна сезона, со оглед на тоа каква екипа имаме“ – изјави Еден Азар.

Белгиецот поради повреда на бутниот мускул одигра само два меча во Ла лига. Утре Реал ја дочекува Осасуна пред градското дерби што овој викен „галактикоси“ ќе го играат со Атлетико.

Scroll to Top