Top Sport

Амбициозен проект на Пиринеите, „португалскиот Лестер“ се вика Фамалисао

Новајлијата во првата португалска лига, тимот на Фамалисао е хит на почетокот на сезоната. Клубот кој летоска доведе во своите редови дури 19 нови фудбалери се врати во првата лига по пауза од цели 25 години.

Фамалисао по 6 одиграни кола е лидер на табелата, со 5 победи, и 1 нерешен дуел, со 16 бода зад второпласираната Бенфика со 15 и третопласираниот Порто со ист број на бодови.

Во последното коло, клубот кој асоцира на семејно опкружување славеше нагости со 2-1 против Спортинг Лисабон.
Фудбалските стручњаци во Португалија коментираат дека амбициозниот клуб би можело по многу години да го разбуди португалскиот фудбал чиј „монопол“ самоуверено го држат Бенфика и Порто.

Промените во клубот кој подолго време игра во втората португалска лига дојдоа во септември 2018 година кога во клубот влезе „Квантум Пасифик Груп“, компанија која има добар дел акции и во шпански Атлетико Мадрид.

Фамалисао го ангажираше тренерот Карлос Пинто, стратег кој тимот го врати во елитата. Сепак, газдата на клубот не го награди тренерот туку работата му ја довери на Жоао Педо Соса, екс-асистент на тренерот во Евертон.

Летоска на позајмица во клубот се доведени 19 фудбалери. Сите засилувања го подигнаа квалитетот на клубот, но ги поткренаа и амбициите.

Фамалисао има најголем буџет, несметајќи го буџетот на големата чеворка во португалскиот фудбал (Бенфика, Порто, Спортинг и Брага).

Scroll to Top