Еден Азар од наредната сезона најверојатно ќе игра за Реал Мадрид. Белгиецот никогаш не криел дека има голема желба да го облече дресот на „кралскиот клуб“. Шпекулациите дека тој ќе г напушти Челси ги „подгрева“ и податокот дека тој не сака да го продолжи договорот со „сините“.
Шпанскиот новинар Едуардо Инда, во својата телевизиска емисија, тврди дека Азар веќе ги договорил личните услови со Реал. Наводно, Белгиецот ќе потпише петгодишен договор за плата од 13 милиони евра по сезона.
Тој дополнително би можел да добие 3,5 милиони евра преку бонусите. Милион евра бонус биле предвидени за освојувањето на домашното првенство, дополнителен милион за освојувањето на „Златната топка“, а 1,5 милиони евра за трофеј во Лигата на шампионите.
Инда не открил дали Реал и Челси веќе ја договориле сумата што „кралскиот клуб“ треба да ја плати како обесштетување.