Top Sport

Азар се врати на тренинзите, но се уште не може да игра!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денеска отворено зборуваше за статусот на фудбалерот од средниот ред на Кралевите, Еден Азар.

„Тренира, ама сè уште не може да игра. Тој се врати на тренинзите, но не е вклучен во групната работа. Оваа недела ќе видиме како ќе му оди. Ќе му треба малку време да се врати во форма. Верувам дека Азар го може тоа. Што се однесува до Герет Бејл, ќе дознаете утре кога ќе се појави во составот. Некои работи се случуваат, но јас не сум тука да зборувам за нив. Секој сака тој да биде во ред и да не чувствува непријатност. Тој е скоро во совршена состојба“ – изјави Зидан.

Утре од 21 часот Реал Мадрид игра меч против Сарагоса, во рамки на Купот на Шпанија.

Scroll to Top