Top Sport

Жиру не е во плановите на Лампард, Челси тргна по Пјонтек

Лондонски Челси има проблеми со нападот, па отворено се разгледува можноста во шпицот на нападот на „сините“ да биде ангажиран полскиот голгетер Кшиштоф Пјонтек, од Милан. Сепак пред тоа екипата предводена од Лампард треба „да се ослободи“ од францускиот интернационалец, Оливие Жиру кој не ја добива очекуваната минутажа.

Според италијанска „Газета дело Спорт“ Жиру е блиску до трансфер во Интер, па така би се ослободило место за нов напаѓач. Пјонтек се поврзуваше и со трансфер во Тотенхем, но екипата на Мурињо не покажа сериозна заинтересираност за Полјакот.

Што се однесува пак до понудата до Челси, „сините“ наводно сакаат нов напаѓач кој би бил партнер во нападот со незаменливиот Тами Абрахам. Пјонтек по доаѓањето на Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“ се пресели на клупата за резерви.

Прва желба на Лампард е Едисон Кавани од ПСЖ, но голем ривал за потписот на Уругваецот е Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top