Еден Азар требаше да стане ѕвезда на Реал Мадрид, беше платен повеќе од 100 милиони евра, но тој е едно од најголемите разочарувања на „кралскиот клуб“ во изминатите неколку години.
За тимот од Мадрид Еден Азар одигра само 68 натпревари, за време на престојот во Реал имаше дури 15 повреди. Минатата сезона само осум пати беше стартер, а целата фаза од Лигата на шампионите ја пропушти, секако поради повреди.
Белгиецот се надеваше дека ќе биде подобар оваа сезона, со оглед на тоа што сега е целосно здрав, но тренерот на Реал, Карло Анчелоти очигледно нема доверба во него.
Така беше и на претходниот натпревар помеѓу Реал и Бетис. Во првите два меча од Ла Лига, Азар доби шанса од клупата, но сега тоа се смени. Иако се загреваше, италијанскиот стручњак се одлучи да направи други измени.
Тогаш Азар очигледно ги загуби нервите, на клупата почна да ги коментира одлуките на Анчелоти.
„Секогаш исти измени, секогаш“, се чита од усните на нервозниот Азар. Белгиецот му се жалеше на Лукас Васкез, кој само молчеше.
Eden Hazard to Lucas Vazquez during Betis game: “Always the same substutions.”
— Hazard Xtra. (@HazardXtra) September 5, 2022