Top Sport

Азар требаше да се пресели во Барса, не во Реал

Поранешниот менаџер на Еден Азар, Џон Бико, смета дека фудбалерот направил грешка со трансферот во Реал Мадрид. Според Бико, Азар, требало да ја избере Барселона.

„Направи грешка со трансферот во Реал. Го послуша срцето. Од Челси требаше да замине една година претходно. Да ме прашаше, ќе му кажев да да не оди во Мадрид. Луѓето не разбираат со какво темпо и интензитет игра Реал. Таленти каков што е Хамес Родригез не успеа да се прилагоди во Реал“, рекол Бико и дополнил.

„Барселона, таму Еден требаше да се пресели. Кај нив топката брзо се движи. Азар во Барселона ќе имаше повеќе слобода на теренот, топката секогаш ќе беше кај него. Таму ќе беше најдобар во светот“.

Азар, во 2019 година за 115 милиони евра од Челси се пресели во Реал. Поради честите повреди, тој не го оправда вложеното во неговиот трансфер. Азар има договор со Реал до јуни 2024 година.

Scroll to Top