Еден Азар можеби го оствари сонот од детството и стана фудбалер на Реал Мадрид, но очигледно уште има љубов кон својот стар клуб, Челси.

28-годишниот Белгиец, кој дојде во Мадрид со договор од 100 милиони евра, во средата попладне пристигна во Монтреал пред стартот на американската турнеја, и навивачите на Челси веднаш забележаа дека тој уште е горд сопственик на покривката на телефонот со неговите три деца во дресови на Челси.

Дали уште немал време да ги фотографира своите деца во дресови на „кралскиот клуб“ или сентименталната вредност е голема, останува да се види.

Инаку, Азар ќе дебитира за Реал Мадрид на првиот меч на Интернационалниот шампионски куп (ИЦЦ) во Хјустон на 20 јули, кога ќе игра против германските шампиони Баерн Минхен, по што следуваат мечеви против Арсенал и Атлетико Мадрид.