Top Sport

„Помагачот“ на Александер-Арнолд го постигна првиот гол за Ливерпул У-18

Оукли Канониер, 14-годишното момче кое му „помогна“ на Трет Александер-Арнолд во брзото изведување на корнерот при 4:0 победата над Барселона во лудото полуфинале на ЛШ, го постигна својот прв гол за У-18 тимот на „црвените“.

Канониер стана славен откако му сугерираше на Александер-Арнолд бргу да го изведе корнерот по кој Дивок Ориги го постигна четвртиот гол за Ливерпул за 4:0 победа со која се елиминираше предноста од 0:3 на Барса од првиот меч.

Канониер го постигна својот прв гол во младинскиот состав на „црвените“ при 4:0 победата над Бартон албион во пријателски меч.

Scroll to Top