Top Sport

Азар: За да добијам „Златна топка“ морам да играм во Шпанија

Ѕвездата на Челси, Еден Азар смета дека мора да се приклучи на шпански фудбалски клуб за да ги зголеми шансите да ја освои „Балон д’ор“ наградата, но ги уверува навивачите на Челси дека не заминува во јануари.

Договорот на Белгиецот со „сините“ трае до јуни 2020 година, и тој неколку пати јавно изјави дека сонува да игра за Реал Мадрид. Запрашан дали мора да игра во гигант како Реал за да стигне до „златната топка“ како најдобар фудбалер, Азар одговори со насмевка.

„Затоа сакам да одам таму, можеби“, изјави Азар.

Лионел Меси од Барселона и поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја освојуваа „златната топка“ последните девет години играјќи за шпански клубови. Роналдо беше последниот кој не играл во Шпанија со титулата, откако во 2008 година ја доби наградата како фудбалер на Манчестер јунајтед.

Scroll to Top