Top Sport

Реал Мадрид ќе тужи за обвинувањата за Роналдо

Реал Мадрид потврдија дека ќе го тужат португалскиот весник „Корејо да мања“ кој тврдеше дека шпанскиот клуб го натерал Кристијано Роналдо да се договори со Американката која го обвинува за силување во 2009 година.

„Тие информации се целосно погрешни и се печатени за сериозно да го нарушат имиџот на клубот. Ние не бевме информирани за тој случај околу Кристијано Роналдо и затоа клубот не можел да реагира за нешто што немал информации“, се вели во соопштението на Реал.

„Корејо де мања“ во средата објави дека дел од одбраната на Роналдо ќе биде да се тврди дека Реал Мадрид го натерале да се договори со Катрин Мајорга, иако тој постојано тврдел дека е невин. Весникот одговори дека стои зад своите ставови и дека информациите биле потврдени.

Мајорга го тужеше Роналдо во Невада тврдејќи дека португалската мега-ѕвезда ја силувал во неговата хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година, а полицијата повторно ја отвори истрагата.

33-годишниот Роналдо, кој помина речиси една деценија во Реал Мадрид пред да замине а Јувентус ова лето ги отфрли обвинувањата.

Scroll to Top