Top Sport

Азар за три години во Реал не одиграл ниту една минута против Барселона

Откако пред три години пристигна во Реал Мадрид за отштета од 115 милиони евра, Еден Азар не покажа апсолутно ништо. За многумина тој е најлошото засилување во историјата на славниот клуб.

Реал, вчера, ја победи Барселона со 3:1 во големото дерби. Победата на соиграчите Азар ја гледаше од клупа за резерви. По мечот шпанските медиуми објавија еден неверојатен податок.

Имено, од моментот кога Азар потпиша за Реал до денес, одиграни се осум Ел Класикоа, а Белгиецот не одиграл ниту една минута. Ниту еднаш не стартуваше, ниту еднаш не влезе од клупата. Најскапиот играч во историјата на Реал, пртив Барселона секогаш е гледач.

Азар оваа сезона одигра околу 100 минути и тоа против Алмерија, Мајорка и Селта Виго. Минатата сезона настапи на 18 првенствени натпревари, но со просек од помалку од 40 минути по натпревар. Тој забележа една асистенција. Белгискиот интернационалец има договор со Реал до крајот на следната сезона.

Scroll to Top