Top Sport

Азар: Зидан му е потребен на фудбалот

Реал и Еден Азар, постои интерес кај двете страни за соработка, но досега нема конкретна реализација, иако речиси секојдневно Белгиецот со некоја изјава испраќа „пораки“ во Мадрид.

Јасно е дека Азар сака да игра кај својот идол од детството Зинедин Зидан. Зизу е клучниот адут на Реал, но прашање е дали клубот ќе издвои 116 милиони евра за играч чии договор истекува во јуни 2020 година, кога можат да го добијат бесплатно.

„Не сум играч на реал Мадрид, но како голем навивач на Зинедин Зидан среќен сум што се врати. На фудбалот му е потребен Зидан. За Реал тоа е добро, а не е за останатите тимови. Реал со Зидан забележа многу победи“, рекол Азар по мечот со Славија во Прага.

Инаку, челниците на Челси на сите начини се обидуваат да го задржат Белгиецот, односно да го убедат да потпише нов договор. Се шпекулира дека Челси ќе му подготвиле договор како што досега немало во Премиер лигата, договор што ќе ги сруши сите рекорди во Англија.

Scroll to Top