Top Sport

Лино Червар збеснал на тајм-аутот (Видео)

Хрватска, вчера во Белград, успеа да извлече реми 25:25 против Србија, во квалификациите за пласман на ЕП во 2020 година. Овие две репрезентации, в недела во Задар, ќе го одиграа реваншот.

Хрватите не блескаа, според тамошните медиуми преодни оценки заслужиле само капитенот Домагој Дувњак стрелец на шест гола и голманот Марин Шего.

„Каубоите“, беа под нивото во второто полувреме, во кое Србите најчесто имаа предност од два гола.

Во 46 минута незадоволен од изданието на своите избраници, селекторот Лино Червар побарал минута одмор, а говорот е хит во медиумите во регионот.

„Како тие можат да бидат дупло поборбени од нас? Како ќе се вратиме дома и како ќе ги погледнеме луѓето во очи? Кого да го погледнам в очи? Се гине за секоја топка“, рекол Червар.

 

Scroll to Top